Децата од воспитната група од 5 – 6 год. од објект ,,Панорама“ минатата недела ја обработија темата ,, Од планетата Земја, на пат до вселената“. Преку апликации и слики, енциклопедии, децата се запознаа со планетата Земја – како настанала. Осознаваа за Сончевиот систем, космонаутите, вселенските летала – ракетите итн.
За таа цел се реализираа активности кои предизвикаа љубопитност, иницијативност и креативност. Децата ја сликаа планетата Земја, изработија колективен постер со Сончевиот систем. Од отпаден материјал изработија голема ракета, истражуваа како дише космонаутот во вселената. Ги цртаа планетите и го подредуваа по големина, моделираа ракети и со туткање на хартија, изработуваа планети.
Децата од групата „БубаМари“ на возраст од 4 – 5 год. минатата недела ја обработија темата „Сонцето и неговото семејство“.
Децата пројавуваат интерес кон вселената уште од најмала возраст. Тоа е така поради детската љубопитност за откривање и осознавање за вселената и за светот што ги опкружува.
Низ разговор, енциклопедии, јутјуб видео, слики и апликации, децата се запознаа со Сочевиот систем. Планетите ги именуваа, споредуваа и ги опишуваа нивните карактеристики – која е најблиску до сонцето, која е најголема, на која има живот, ги споредуваа по големина и форма. Изработија постер со сончев систем – Како се патува во вселената и ракети од нестандарден материјал. Изработија и капи со апликации од сончев систем, при што децата боеја, сечеа, лепеа и се радуваа на сработеното.