(4 – 6г.) КАДЕ СЕ КРИЈАТ ЅВЕЗДИТЕ?

Наслов на активноста: (4 – 6г.) КАДЕ СЕ КРИЈАТ ЅВЕЗДИТЕ?

Цели на активноста:
-Да се воведува детето во правилно и разбирливо говорење, со умерена јачина и темпо на гласот;
-Да се поттикнува кажувањето стихови напамет;
-Да се поттикнува детската инвентивност, креативност, фантазија во користењето на ликовниот материјал и други манипулативни средства;
-Да се оспособи за користење на истражувањето и набљудувањето како средства за откривање и учење;

Потребни ресурси: слики во прилог, енциклопедии, ликовен материјал, интернет… 

Тек на активноста:
Се што постои е дел од универзумот. Неговите најголеми делови се галаксиите, а секоја од нив се состои од милијарда ѕвезди. Ѕвездите можат да се видат на небото како точки што треперат, заради ефектот на земјината атмосфера и нивното растојание од нас. Сонцето е исклучок-тоа е единствената ѕвезда доволно блиску до Земјата, за да биде видлива како небесно тело составена од различни сфери. Секоја ѕвезда има свој Сончев систем во кој се движат планетите околу неа. Сончевиот систем во кој е и Земјата, се состои од осум други планети што се движат околу Сонцето, а целиот систем е дел од галаксијата Млечен пат.
Почитувани за да го Поттикнете интересот кај детето, понудете му да изработите ТЕЛЕСКОП – направа за набљудување и проучување на ѕвездите или пак Ликовна игра – Небесен шир…Оставам на Вас Почитувани, низ серија слики,  примери, интернет – да го разбудите, продлабочите, зајакнете

интересот кај Нашите најмили.
И за крај,  КРУНАТА на новите сознанија нека биде изучување на стихотворбата -,,Каде се кријат ѕвездите”. (текстот на истата ќе го проследите во продолжение) Процесот на правилно читање, изучување и презентирање на стихотворбата го оставам на Вас и ниту за момент не се сомневам дека ќе бидете успешни во истиот.

Ве оставам со желба за добро здравје и позитивни мисли, во секој сегмент од Вашиот живот.

КАДЕ СЕ КРИЈАТ ЅВЕЗДИТЕ

Кога е небото сино
и Сонцето се капе во злато,
каде се кријат ѕвездите,
каде е нивното јато?

Дали се тогаш сами
и дали тага ги мори,
Месечко голем и важен
сака ли со нив да збори?

Дали се ѕвездите среќни
некаде штом ќе се скријат,
се плашат ли тие,
што мораат во темно да спијат?

Подготвил: Воспитувач – Јасмина Трпчевска