(2 – 4г.) Песничка “Горе, доле, лево, десно” – Дарко Биберко”

Наслов на активноста: (2 – 4г.) Песничка “Горе, доле, лево, десно” – Дарко Биберко”

Цели на активноста:

-создавање на основни навики на однесување при пеење

-оспособување на децата да разликуваат пеење од говорење

-навикнување на детето да пее со умерена јачина на гласот, без напрегање и викање.

Тек на активноста:

Активноста започнете ја со разговор со вашите деца за животните на фармата.

Набројте им – кои животни живеат на фармата (крава, патка, прасе, куче, кокошка….). Може да користите и илустрации, слики за да може детето полесно да ги запознае и препознае.

Пеењето песни за сите возрасни групи е најсакана и актуелна музичка активност. Потребно е да се нагласи – вниманието на децата од оваа возраст е минимално, што значи дека треба да се биде добар аниматор, за да може да се задржи вниманието подолго, а текот на активноста да се одвива како игра, односно детето активноста да ја доживее како игра. Содржината на текстот треба да биде логичен, едноставен, разбирлив, со детски речник за таа возрасна група.

Мелодијата на песната произлегува од карактерот на литературниот текст. Да преовладува логичен и едноставен тек на мелодијата, која треба да биде весела и динамична.

За оваа возрасна група, темпото треба да биде умерено, за детето да може да ја следи.

Текстот треба да се изговара со чиста дикција. При пеењето да не вика, да не се напрега и да се пее тивко.

Драги родители, во прилог ви го испраќам линкот на песничката. Обидете се со вашите деца да ја научите песничката – Горе, доле, лево, десно, да научите да ги препознавате животните. Сето тоа можете да го направите и со играње на песничката, со рацете и нозете правете ги движењата кои се пеат во истата.

Потоа гледајте го видеото и слушнете ги звуците на домашните животни.

Ви посакувам пријатна забава!

Подготвил: Музички педагог – Златица Кратовалиев