(4 – 6г.) ПАСОШ ЗА ВСЕЛЕНАТА

Наслов на активноста: (4 – 6г.) ПАСОШ ЗА ВСЕЛЕНАТА

Цели на активноста:

– да се поттикнува кон различни видови креативност, со тоа што ќе се поддржи да користи играчки и предметити на поинаков начин, различен од тоа за што тие се наменети;

– да се запознае со нашиот Сончев систем, како дел од вселената и планетите кои го сочинуваат;

– да се поттикнува да користи различни извори на информации во процесот на откривање и учење;

Потребни ресурси: компјутер, интеренет, енциклопедии за деца, ликовен материјал (темперни или водени бои, четки за сликање, листови од блок, престилка за работа, пластични чаши за вода), алуминиумска фолија, пластични шишиња, селотејп трака, колаж хартија, ножички…

Тек на активноста:

Секојденевно нашите мисли ни одат на возбудливи патувања. Одлетуваат на море, на тивките врвови на планините или во бучните метрополи. Многу често не водат и во вселентата. Вселена, толку голема и таинствена, толку интересна и убава. Многумина од нас, уште од мали себе си се замислуваме како крстариме низ тие таинствени пространства во ракета и космонаутски костим. Децата се љубопитни, сакаат да откриваат и истражуваат, да фантазираат и мечтаат.

Токму затоа, почитувани родители, искористете ги тие особини на вашето дете, но разбудете го и детето во вас и заедно тргнете на едно волшебно патување низ вселената. Пасош нека ви биде имагинацијата и сликовницата „Волшебната фотеља“.

Во првиот чекор, погледнете го видеото и фокусирајте се на патувањето.

https://www.youtube.com/watch?v=Ux7fymg1rWE&feature=emb_logo

Поразговарајте со вашето дете кои планети ги сретна на патувањето ликот од сликовницата. Повторете ги нивните имиња по редослед како што се поставени спрема Сонцето: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Поттикнете ја љуботпитноста на детето, со тоа што ќе разгледате енциклопедии за Сончевиот систем, во кои има дополнителни информации за секоја планета поединечно. Предлог видео за гледање:

https://www.youtube.com/watch?v=yShiTh4Bia4

Во вториот чекор, погледнете ја уште еднаш видео сликовницата „Волшебната фотеља“. Овој пат фокусирајте се на Планетата Земја. Како таа изгледа од височините. Какви се нејзините бои, формата. Предложете му на вашето дете, да ја наслика нашата планета и нејзината околина, месечината  и ѕвезденото небо. Користете темперни или акварелни бои. Сликата нека биде одраз на доживувањата на вашето дете и неговата креативност. Така како што тоа ја замислува и доживува.

Оваа тема може да ви биде инспирација и за подолг период. Предложете му на детето да изнајде посебно катче во домот, кое ќе биде негов вселенски брод. Насочете го некое столче од домот да го креира и декорира како волшебна фотеља, која ќе ја користи за патувања низ вселената во различни дестинации. Можете заедно да направите и космонаутски костим, користејќи материјали за рециклирање. А, ако пројави интерес за повеќе сознанија, погледајте го видеото од нашата Национална веб-платформа, Е-занимална. Од ова видео, вашето дете ќе може преку интересни игри да научи повеќе за Месечината како природен сателит на Планетата Земја.

https://www.youtube.com/watch?v=wiNgWnO0CPw&t=7s

Подготвила: Воспитувач – Снежана Гуцуљ