Животните од зоолошката градина – Матичен објект

Децата од група “Пеперутки” на возраст од 3 – 4 год. од Матичниот објект, изминатата недела ја обработија темата “Зоолошката градина во зима”. Низ разговор, преку слики и апликации, децата се запознаа со животните кои живеат во зоолошка градина, ги именуваа и опишуваа нивните карактеристики, се запознаа и со тоа како и кој се грижи за нив, со што се хранат и какви се нивните живеалишта.

Нивната љубопитност беше преточена преку ликовната игра – Моето омилено животно од ЗОО градина. Од хартиени чинии и колаж техника, секое дете изработи по еден омилен лик од зоолошката градина, преку која дојде до израз нивната креативност. Активноста поттикна ведро расположение, а вниманието на децата се задржа во текот на целата активност.

Tags