Итар Пејо е еден од најпознатите ликови во македонските народни приказни, а посебно е омилен помеѓу младите читатели. Во рамките на темата “Нашата традиција”, децата од воспитната група од 5 – 6 год во објект ,,Панорама” ја обработија подтемата ,,Македонско народно творештво”. Токму на оваа тема, децата се запознаа со ликот на Итар Пејо, итроштините негови, неговата снаодливост и шегобијна мудрост. Децата слушнаа неколку интересни шеговити приказни за него. Една од омилените на децата беше приказната-,,Итар Пејо му вади заб на селанецот”. За таа цел тие ја прикажаа содржината на оваа приказна со изработка на цртежи.
Исто така тие на интересен начин го нацртаа неговиот лик, а подоцна изработија и маски со неговиот лик. Нивна домашна задача беше да раскажат приказна за Итар Пејо на нивните родители и најблиските.
Се реализираа активности од воспитна група 4 – 5 год. каде што децата се запознаа со народните носии, нивната боја, изработија постер на традиционални музички инструменти како зурла, тапан, гајда, тамбура…