И јас направив сликовница… – Матичен објект

Родителите од групата ,,Ѕвездички”, од Матичниот објект, заедно со своите дечиња, креативно учествуваа во реализирањето на неделната тема ,,Кога надвор студи…”, посветена на зимата во приказните и сликовниците. Тие се ангажираа дома и изработија прекрасни сликовници со различни теми. Новосоздадените сликовници ги подарија на библиотеката во нивната група.