Театар на маса / Народна приказна “ПОГАЧА“ – Матичен објект

Народното творештво е една од најважните придобивки на вековното постоење на нашиот народ низ времето и историјата. Токму затоа активот на воспитувачи од нашиот објект, работеше на адаптација на содржината на народната приказна:”Погача” и сценска изведба на театар на маса.

Прекрасниот декор и дејствието, беа адекватни на детските интереси и можности. Се овозможи активно следење и доживување на содржината, со што народното творештво се врежа во детското изразување преку ликовни, говорни и драмски игри.

 

Tags