Куклена претстава “ТРИТЕ СНЕШКОВЦИ” во објект Бели Мугри

На 28.01.2021г. Активот на воспитувачи од објектот Бели Мугри, ја подготви и реализира куклената претстава: “Трите снешковци”, пред децата од воспитните групи од 2- 6години. Во овие студени, зимски денови, претставата донесе радост и топлина во детските срца и измами насмевка на детските лица. Содржината беше лесна, проткаена со хумор, а децата ја разбраа пораката на истата: Добрите другари не се повредуваат еден со друг. Добрите другари заедно ги решаваат своите проблеми.

За куклената претстава подготвивме видео запис.

 

Tags