(4 – 6г.) Традиционални инструменти (тапан и  тамбура)

Наслов на активноста: (4 – 6г.) Традиционални инструменти (тапан и  тамбура)

Цели на активноста:

-да ги разликуваат традиционалните музички инструменти од останатите
-да се запознаат со народниот фолклор
-да ги препознава и именува традиционалните музички инструменти според звукот

Тек на активноста:

Во предходната активност зборувавме за македонскиот фолклор и неговото значење, ги изучивме и традиционалните инструменти зурла, гајда, кавал.

Во денешната активност ќе ги запознаеме инструментите – тамбура и тапан. Македонската народна музика кореспондира со македонскиот фолклор и етнос. Таа е производ на нивото на културниот развој на најшироките народни маси на едно општество, а во исто време се потпира врз музичките традиции на определена средина. Македонската музика, народната или фолклорната се пренесуваат од колено на колено, по пат на усно предание, претставувајќи синтеза на она што современиот македонски народ го наследил. Македонската фолклорна музика се одликува со индивидуалност, оригиналност и квалитет.

Во фолклор спаѓаат приказните, музиката, танцот, легендите, раскажуваната историја, хуморот, популарните верувања, обичаите и се она што го опфаќаат културата и традицијата на одреден народ. Исто така, тоа претставува  склоп на обичаи, преку кои овие изразни жанри се споделуваат.

 =Taпан=

Тапнот е направен од буково, оревово или костеново дрво и покриен со овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња, кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач. Тапанот се свири со две посебни палки: кукуда и прачка. Тапанот е најстариот музички инструмент и неговиот основен дизајн останува непроменет со илјадници години

=Тамбура=

Тамбурата е македонски народен жичен инструмент со долг врат и крушковиден облик, кој се прави од ореово дрво. Во минатото, во македонската фолклорна инструментална традиција, тамбурата имала улога на соло (сам) инструмент или како придружба на македонските фолклорни песни. Подоцна таа станала дел од ансамблите, кои биле главно составени од гајда, тамбури, тапан и тоа како придружба на македонските народни танци. Тамбурата произведува метален и боцкав звук. Еден од најоргиналните актуелни македонски состави кои изобилно ја користат тамбурата е “Баклава”- музички состав.

Во прилог ви праќам слики со народните музички инструменти, додека на You Tube каналот може да слушнете како звучат.

Ви посакувам пријатна забава!

Подготвил: Музички педагог – Златица Кратовалиев