Мојата омилена приказна, омилен лик….

Наслов на активноста: Мојата омилена приказна, омилен лик….


Цели на активноста:
-Воспоставување на контрола на движењето на дланките и прстите
-Поттикнување и оспособување за користење на разновидни ликовни материјали и техники
-Развивање и поттикнување на креативноста и креативното изразување кај децата
-Развивање на фината мускулатура и координацијата око-рака
-Негување и развивање на интерес и љубов кон уметноста и креативното изразување
-Поттикнување на самостојноста во користењето на ликовниот материјал


Тек на активноста:
Сказните, приказните, бајките и нивниот волшебен свет, е нешто со кое децата многу често со задоволство се дружат дури од најрана возраст. Одберете заедно омилена приказна која ќе ја прочитате, ќе ги разгледате сликите (со помалите) и прераскажете заедно (со поголемите) поставувајќи им кратки и прецизни прашања во врска со текстот што го слушнале. Посочете ги ликовите од приказната, поттикнете го детето да ги опише со сите нивни карактеристики. 

Потоа понудете му ликовен материјал кој ќе го користи и започнете…Во зависност од возраста и можностите можете да го поттикнете да го нацрта (наслика) својот омилен лик од приказната, или пак да му понудите готов шаблон, кој вашето дете ќе треба да го обои.

Како идеја можете заедно да нацртате лик и потоа да го облекувате, кроејќи и боејќи најразновидна облека. 

Многу важно е да не заборавите – ДА РАБОТИТЕ СО ЉУБОВ И ДА СЕ ЗАБАВУВАТЕ- Вие и Вашето дете.
Материјали: листови, ликовен материјал по избор (фломастери, восочни бои, темперни бои, дрвени бои), шаблони…..

Подготвил: Воспитувач – Билјана Пушкин