Наслов на активност: Дидактичка игра за поимите: “едно – многу”, “многу – малку”
Цели на активности:
-Да се развива способноста за воочување и разликување на едно и многу кај предметите, кога постои поголема разлика во количината
-Да се развива способноста за воочување и разликување на поимите многу-малку, помеѓу група предмети кога постои воочлива разлика во количината
-Да се поттикнува способноста за користење на истражувањето и набљудувањето како средство за осознавање и учење
Потребен материјал: разновиден игровен материјал, апликации, слики….
Тек на активноста:
На почетокот објаснете му на детето дека ќе играте една игра што се вика ,,Чудна торбичка”. За тоа ќе ви биде потребна една платнена торба. Појдете во просторијата каде се наоѓаат играчките на детето. Поттикнете го од разновидните играчки да издвои на пр. еден автомобил, една кукла, едно мече, едно пластично овошје. Потоа да земе повеќе коцки, повеќе сликовници, повеќе чинивчиња и сите тие да ги стави во чудната торбичка. Потоа предложете му на детето да ја стави раката во торбата, да ги извади од неа играчките и да ги именува и опишува. Откако ќе ги извади играчките, да ги стави на масичка или на подот.
Следи задача од вас. Донеси ми еден автомобил, многу коцки… Едно мече стави го на креветот, многу чинии стави на масичката, а малку сликовници на полицата. На тој начин децата да ја воочат разликата во количината.
Во продолжение разгледајте ги сликите (во прилог) и играјте ја дидактичката игра каде што со кратки прашања од ваша страна детето ќе одговара. Пр. Каде има еден снешко, каде има многу принцези и.т.н.
На крајот од активноста во прилог ви испраќаме слики, кои ќе може да ги испринтате или нацртате така што вашето дете ќе може да ги обои по негова желба.
Подготвил: Воспитувач – Билјана Андоновска