Во текот на изминатата недела, децата од 4-6 годишна возраст преку низа активности се запознаа со дел од македонската традиција. Најпрво се запознаа со традиционалните куќи и нивното уредување. Потоа разговаравме за трпезата и традиционалните јадења – дечињата изработија готвач со рецепти и се обидоа да месат лепче. Се запознавме и со традиционалните детски игри и рачно изработени играчки. За таа цел и ние изработивме кукли од дрвени лажици, а потоа влечевме јаже, игравме “Слепа баба “, “Плочка “ и други традиционални игри.
18
January
Учиме за традиција – објект Н.Н.Борче
- Author admin
- Активности
- Comments Off on Учиме за традиција – објект Н.Н.Борче