(4 – 6г.) Усвојување на поимите – “затворена крива линија” и “отворена крива линија” 

Наслов на активноста: (4 – 6г.) Усвојување на поимите – “затворена крива линија” и “отворена крива линија” 

Цели на активноста:

-Поттикнување на перцепцијата и математичко размислување, преку усвојување на поимите – затворна и отворена крива линија

-Поттикнување на весело и ведро расположение преку игра, во која учествуваат и членовите од семејството

Потребен материјал: слика со народна носија – фута, прстен…

Тек на активноста:

Учењето математика има големо и значајно влијание во развивање на размислувањето и логиката кај децата од најмалата возраст. Начинот на кој ќе им ја објасниме задачата што треба да се сработи, треба да има едноставен, интересен и забавен пристап, на кој тоа ќе им биде претставено. 

Во текот на месец Јануари, активностите кои ги реализираме со децата се во духот на празниците и традицијата. За таа цел можеме да ви понудиме на интересен начин да им претставите на децата – усвојување на поимите затворена и отворена крива линија. Пред детето поставете ја фотографијата со дел од народната носија – фута, разговарајте и објаснете им дека – тоа е дел од нашата традиција и на луѓето во минатото тоа им служело како секојдневна облека. Потоа разледувајте ги шарите на футата и поттикнете ги децата да пронајдат каде има затворена и отворена линија на шарите. На тој начин, децата самостојно ќе умеат да го воочат затворена и отворена крива линија, кои се претставени преку шарите на футата. 

Во продолжение, можете да им понудите на децата игра, со која ќе се забавува семејството. Тоа е традиционалната игра „Прстенче“, каде прстенот асоцира на затворена крива линија (во исто време, воочете и насочете му го внимание на детето и на други предмети во домот кои имаат иста форма). Играта може да ја игра цело семејство во вашиот дом. 

Играта се игра на тој начин што застанувате во круг – еден член од семејството ја започнува играта. Во дланките го држи прстенот и поминува со него низ сите дланки кои учествуваат во моментот во играта, истовремено пеејќи и песничка која му е омилена. Прстенчето завршува во некои други дланки кај што ќе го стави прстенчето првиот што ја започна играта. Играта можете да ја играте се додека има заинтересираност кај сите членови од семејството. 

Ви посакувам добра  забава.

Подготвил: Воспитувач – Александра Ѓоргиева