Новогодишна креативна работилница во Бели Мугри

Новогодишната магија е веќе присутна. Насекаде се чувствува празнична еуфорија и возбуда. Сите започнуваат со украсување и новогодишни подготовки за највеселиот период од годината. Во овие тешки времиња на пандемија и социјална изолација, успешно реализиравме  – Новогодишна креативна работилница – во соработка со родителите.

Целта на работилницата беше да останеме поврзани и да ги поттикнеме и анимираме децата, кои поради пандемијата немаат можност да посетуваат градинка.

Голема благодарност до родителите, кои ни дозволија да бидеме дел од украсувањето на нивните домови во духот на празниците кои следат, секако преку фотографии. Родителите и децата покажаа голем интерес и вложија многу труд при украсувањето на нововодишните елки, изработија новогодишни украси, декорации, честитки и подароци, а со тоа ја покажаа  својата креативност, умешност и фантазија.

Браво за вредните рачиња на децата и прекрасните идеи на нивните родители.

На сите им ги честитаме новогодишните и божиќни празници

од вработените, родителите и децата од објект” Бели Мугри”

Tags