Наслов на активноста: „Работилницата на Дедо Мраз“
Цели на активноста:
-Поттикување на детската фантазија и детското сознајно искуство за нови и непознати работи
-Поттинување на детето да умее да ги изрази своите желби преку пишана или електронски испратена порака
Потребен материјал: компјутер
Тек на активноста:
Сонот на секое дете за Нова година е да добие подарок од Дедо Мраз. Секое дете има различни желби и пораки кои ги упатува до Дедо Мраз, а ние возрасните пронаоѓаме начини – како желбите на детето да станат реалност. Разговарајте со Вашето дете – која е неговата новогодишна желба, запишете ја на писмо и ставете ја под елката за да дојде Дедо Мраз и да ја земе пораката со желбата.
Преку разговор, поттикнете ја детската фантазија кај детето, на тој начин што ќе му раскажете дека, за да пристигнат подароците од Дедо Мраз треба да почекаме, бидејќи тие патуваат од многу далеку, односно се изработуваат во работилницата на Дедо Мраз. Таму работат неговите помошници – дечињата. Секоја желба на секое дете од светот пристигнува кај нив и тие ја изработуваат, ја пакуваат, потоа Дедо Мраз со неговата санка и елените ја носи во домот на секое дете.
Во прилог проследете го клипот, за тоа како изгледа работилницата на Дедо Мраз и поведете разговор со детето – што најмногу му се допаднало.
Подготвил: Воспитувач – Александра Ѓоргиевa