Наслов на активноста: (4 – 6г.) „Метеоролошки мерења – (инструменти) термограф и ветроказ”
Цели на активноста:
-Да се запознава со меторолшките појави и атмосферски прилики од непосредната средина
-Да се поддржува кога пројавува иницијативи и интереси за стекнување нови знаења
-Да се поттикнува кон разни видови креативност
Потребен материјал: хартија во боја, дрвено стапче, ножици,
Тек на активноста:
Метеоролошките појави во природата ги дознаваме од луѓето чија професија е метеоролог, а местото каде што го прават мерењето се вика метеоролошка станица, од каде секојдневно не известуваат во врска со временските појави во текот на неколку дена. За да можат метеоролозите да ја измерат температурата на воздухот, користат инструмент наречен термограф, а за мерење на брзината и правецот на ветерот користат ветроказ.
Предлог наш е заедно со вашето дете, да изработите ветроказ кој е интрумент за мерење на ветерот, а тоа можете да го направите на следниот начин:
Во прилог Ви нудиме шаблон, по кој може да изработите вртелешка. Потребно ќе Ви биде хартија во боја и дрвено стапче, на кое ќе ја прикачите веќе претходно изработената вртелешка. Потоа поставете ја вртелешката на место каде што ќе може Вашето дете да набљудува кога има ветер. Поттикнете го само да забележи – кога вртелешката се врти – значи има ветер и исто така каква е неговата брзина. Доколку вртелешката не се врти, значи нема ветер.
Ви посакувам пријатна забава.
Подготвил: Воспитувач – Александра Ѓоргиева