Денот на детето се слави секој 20 ноември, а Светската организација преку одбележување на овој ден ги потсетува сите, дека сè уште постојат деца кои живеат во лоши услови, кои имаат влијание врз нивниот раст и развој во животот. Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат.
По повод одбележувањето на овој ден, децата од големите групи од Матичен објект, реализираа игровни и ликовни активности на тема: “Ние сме среќни деца”.