Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активноста: (4-6г.) Музичка игра “Препознај го инструментот”
Цели на актовноста:
-да се развива музичката меморија
-да се поттикне способност за препознавање и слушање на различна музика
-да се поттикнат знаењата и способностите за распознавање на одредени музички инструменти
Тек на активноста:
На почетокот на активноста, поразговарајте со детето за музичките инструменти, нека наброи кои инструменти ги знае.
-Колку вида на дувачки музички инструмети има?
-Како и на која начин го произведуваат тонот?
-Од каков материјал можат да бидат направени дувачките инструменти?
Додека разговарате со детето за инструментите, потребно е да му се покажат како слики и да се пуштат звуци од нив (може да се најде линк на интернет).
Потребно е повеќе пати да се пушти звук од одреден инструмент.
Пр. Му пуштате на детето прво да слуша флејта. Откако ќе слушне неколку пати, му пуштате да слуша саксофон. Правите мала пауза, му пуштате да слуша труба и на крај му пуштате да слушне и кларинет.
Додека му пуштате музика, му кажувате кој инструмент свири и нека ја види сликата. Откако ќе ги слушне инструментите посебно, може да започнете со погодување.
За да биде активноста позабавна можете и да изработите дувачки инструмент:
-Една цевка се протнува во кеса за замрзнување која се дува и се врзува на отворот. Со дување низ цевката се произведува звук.
-Неколку цевки се спојуваат со селотејп
-Се спојуваат 2 – 3 картонски ролни (од тоалетна хартија или бришач за раце) како труба.
Потоа заедно сите членови на семејството – компонирате/измислувате “Песна на денот” со инструментите кои ги направивте.
Подготвил: Музички педагог – Златица Кратовалиев