Го одбележуваме Денот на ослободувањето на градот Скопје и по тој повод со децата од групата “Месечинки”, разговаравме на таа тема и изработивме постер со слики од позначајните места по кои нашиот град е препознатлив, а нашите роденденски желби ги претставивме на цртеж.
По повод ослободувањето на Скопје, 13 ти Ноември, со децата од големата група разгледувавме слики и макети со знаменитости, читавме стихови посветени на Скопје, а потоа нацртавме честитки со најубави желби за нашиот роден град.
Децата од групата”Ѕвончиња” 4 – 5 год. – Денот на ослободување на Скопје, го одбележаа со игри и песни во чест на празникот, но и запознавање со историјата на нашиот град.