13 ти Ноември – Ден на ослободување на нашиот град – работилница во Бели Мугри

Традиционално и оваа година со децата од нашата градинка од 2 – 6г. го одбележавме – Денот на ослободувањето на нашиот роден град Скопје, под мотото – ,,Го градиме нашиот град”. Согласно моменталната состојба во услови на пандемија, ниту за момент немаше отстапки во нашите амбиции, нашата визија и мисија, да креираме ,,виртуелна работилница” –  спој на креации, изработени во домашни услови. Имено, добар дел од изработките беа пратени и пласирани во форма на фотографија, а останатиот дел донесени физички од децата што посетуваат градинка. Материјалот што се користеше за изработка на макетите, е слободен избор на секое дете (картонски кутии, најразлични амбалажи, природни материјали – лисја, дрвца, камчиња, коцки,..).
Целта на оваа работилница во домашни услови е да ги истакне детските творечки способности, детската креативност – заедно со нивните родители  и да ги запознае децата со големото значење на празникот 13 Ноември за градот Скопје.
Со децата што беа физички присутни, во холот на  нашата градинка направивме уникатна изложба – со креации од нашиот град, а воедно уживавме во музиката која беше составен дел на истата ( Бени, Александар и  Златно славејче – Скопје, граду мој / Скопје радост ти ќе бидеш,..).
За какви креативци станува збор, кој од овие уникатни творци ќе го добие епитетот ,, архитект на годината”, оставаме на Вас Почитувани да процените.

Tags