Во рамките на месечната тема која е поврзана со Човечкото тело, преку најразлични истражувачки, откривачки и манипулативни игри, децата од воспитните групи од 4 до 6 годишна возраст, се стекнаа со знаења за деловите на телото (скелетот и внатрешните органи-белите дробови, бубрезите) и истите ги реализираа преку ликовни активности, изработени од најразлични материјали.