Децата од 4 – 6г. месец ноември ќе работат на тема: “Запознај го човечкото тело”. Оваа недела преку разговор и слики од енциклопедии, се запознаа со човечкиот ‘рбет. Истиот го изработија од предмети за секојдневна употреба и со негова помош истражуваа како телото се наведнува и исправа. Научија дека со помош на коските и мускулите может да се движат. Низ игра откриваа и пробуваа, што се може да направи нивното тело: да трчаат, скокаат, да се наведнуваат и исправаат, шпага да направат, да стојат на прсти или на една нога.
Ние можеме мноooгу….работи да направиме со нашето тело!