Урбаната средина во Скопје како сложен систем, се развива со различен интезитет во време и простор. Урбаниот изглед и архитектура се одраз на секое време. Скопје е град на промени, град со нетипичен урбан развиток, град кој се развива по трауматски период на природна катастрофа. По тој повод, децата од воспитната група од 5-6 год, реализираа повеќе активности. Разговараа за градот Скопје и негови позначајни објекти како: тврдината Кале, Камениот мост, железничката станица, зоолошката градина и изработија макета од градот каде што го претставија со повеќе згради, улици, сообраќајници, зелени површини…Љубовта кон својот град ја искажаа преку ликовни творби.
Музиката е лек за душата, но и за телото. Музиката им помага на децата да се развиват, да го разберат светот кој ги опкружува, но и да ги искажат своите лични искуства. По повод одбележувањето на Европскиот ден на музиката, децата од воспитната група од 5-6 год. имаа за домашна задача заедно со своите родители да изработат музички инструменти. Децата ги препознаваа, опишуваа и именуваа музичките инструменти и свиреа на нив по своја музичка композиција.
Со децата од воспитната група од 4 – 5 години, по повод 07.11 ,Денот на урбана средина”, разгледувавме слики и апликации и разговаравме за урбаната средина, која претставува дел од животната средина и која човекот потполно ја изменил со објектите што ги изградил и ги гради (згради, патишта, улици, културни центри, детски игралишта, културни знаменитости) и др. Цртаа на дадена тема, конструираа и моделираа со пластелин – куќи и згради.