На ден 07.11.2020 година, Ден на урбана средина во објектот Бели Мугри, возрасните групи од 4 – 6 години го одбележаа со следниве активности:
– Во соработка со родителите, децата донесоа слики и фотографии од нашиот град Скопје – со значајни културно историски споменици;
– Децата проследија краток документарец за нашиот град и сите негови убавини, кои ги има во изобилие;
– Со децата изработивме колективен постер, на хамер, во кој се сплотени сите позначајни објекти кои се наоѓаат во нашиот град;
– Како шлаг на нашата амбиција за креирање – изработија прекрасни цртежи – усогласени со денешната тема. Oд истите направивме изложба во холот на нашата градинка.
Идејата за еден ваков настан е создавање музика и нејзино претставување пред слушателите. Целта пак на истиот е тоа што музичари од цел свет, професионалци и аматери се собираат во поголемите градови од Европа, за да ја пласираат – претстават својата музика и тоа бесплатно – за подоцна да дојдат до идеја за создавање на музика на тој начин – што сите настапувале на улици и други јавни површини.
За таа цел, под импресии од идејата и понесени од желбата, децата во улога на аматери, креираа своја музика – во дворот на нашата градинка. Креативноста и детските иновации дојдоа до израз – при што користеа импровизирани микрофони, а воедно беа уникатни во своето творење на музика и движење и не ги оставија ладнокрвни ниту за момент, случајните минувачи.