Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активноста: „Бели дробови во шише“ – Говорно – истражувачка игра
Цели на активноста:
-да се развива интерес и потреба за интерактивно решавање на проблемски ситуации, преку користење на различни предмети и материјали од непосредното опкружување
-да се поддржува детето кога пројавува иницијативи и интереси за стекнување нови знаења
– да се поттикнува кон разни видови на креативност
-да се поддржува детето во процесите на учење и откривање
Потребен материјал: пластично шише, пластични цевки, балончиња, ножички, лепак…
Тек на активноста
На животните и на човекот им е неопходно постојано снабдување со кислород. Кислородот ја оддржува работата на целото тело. Белите дробови се „два сунѓера“, преку кои крвта го зема кислородот и го елиминира јаглерод диоксидот (отпадокот), што се исфрла со секое издишување. Кислородот е постојано присутен во воздухот, од каде што во нашето тело се внесува преку носот и устата и навлегува во белите дробови. Тука се сретнува со црвените крвни зрнца кои функционираат како такси. Кислородот „влегува во таксито“ кое ќе го однесе до срцето. Кога ќе дојде до вистинската дестинација, кислородот ќе „излезе од таксито“ и наместо него „влегува“ јаглерод диоксидот. Јаглерод диоксидот што сега се вратил во белите дробови ќе излезе од телото при издишување.
За полесно да му го објасните овој процес на вашето дете, ќе ви предложам една игра која ќе ви бидат потребни балони, цевки и пластично шише (види слика). Покрај тоа што детето ќе научи многу интересни факти за белите дробови, оваа игра може да му послужи и како вежба за правилно дишење. За да биде позабавно, направете „бели дробови“ и за вас, па заедно играјте и учете.
Подготвил: Воспитувач – Ружица Митровиќ