Одбележување на 03.11 – Ден на чист воздух – објект Н.Н.Борче
Децата од групата “Ѕвончиња” – Денот на чист воздух, го одбележаа со изработка на цртежи, кои ги содржеа нивните пораки за значењето и важноста на чистиот воздух за сите нас.
Аерозагадувањето е најголем причинител за зголемен број заболувања кај луѓето и претставува најголем ризик од областа на животната средина. Затоа денес, ние дечињата од групата “Месечинки”, го одбележавме Денот на чистиот воздух со заеднички пораки, кои ги претставија преку цртежи.
И децата од големите групи го одбележија Денот на чист воздух. Ги споделија со другарчињата своите размислувања – како да го зачуваат воздухот од загадување, а потоа идеите ги претставија со цртеж.