Кожата – скапоцена покривка – Разговор

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: Кожата скапоцена покривка – Разговор

Цели на активноста:

-Да се оспособува детето за користење на различни форми и извори на информации;
-Да се поддржува кога пројавува иницијатива и интерес за стекнување на нови знаења;
-Поттикнување на самостојноста во ликовното изразување;
Потребен материјал: слики, енциклопедија – Човек машина, разновиден ликовен материјал;

Тек на активноста

Фокусот на денешната активност е ставен на кожата – како главна облека или пак скапоцена покривка на нашето тело. Таа е бесценет површински дел, кој има за задача да ги заштитува телото и внатрешните органи од микроби. Да, токму таа – кожата има задача да ја одржува константната температура на телото – 37 С, односно функционира како некој вид клима уред.

Поттикнете го детето со помош на слики и енциклопедија – да детектира, истражува, осознава, набљудува – од колку слоеви е составена кожата. Охрабрете го со Ваша помош да се обиде да ги именува истите, Мотивирајте го да покаже на себе – каде се наоѓа најтенкиот, а каде најдебелиот слој кожа…Во кожата има многу нервни клетки, наречени СЕТИЛНИ РЕЦЕПТОРИ. Насочете го детето да именува што чувствува благодарение на нив?…Прашајте ги Вашите и Наши најмили – Што употребуваме да ја исчистиме кожата од старите клетки? – Од што се ослободува телото кога течат капки пот низ кожата ?- Каква може да биде бојата на кожата, во зависност од количеството на меланин?
Како награда за вложениот труд и новите искуства за Нашите најмили, понудете му на детето контурирани слики од деца, кои ке се обидат да ги обојат, да нијансираат – ставајќи го фокусот на бојата на кожата. Истите ќе Ви ги испратам во продолжение.

Ве поздравувам, останете во добро здравје, со добра мисла и позитивни емоции.

 Подготвил: Воспитувач – Јасмина Трпчевска