Кои делови на човечкото тело имаат свој пар –Откривачка игра

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста:  Кои делови на човечкото тело имаат свој пар –Откривачка игра

Цели на активноста:

Стекнување на елементарни знаења за човековото тело и некои негови делови
-Да се поттикнат способности за стекнување на основни сознанија за човекот како природно и социјално суштество
-Да се развива способност за користење на истражување и набљудување за учење и откривање

Потребен материјал: постер, слики, шаблони…

Тек на активноста:

Човечкото тело е чудесна машина во која се е поврзано!

Започнете разговор за човечкото тело, дека коските на вашето тело му ја даваат потребната цврстина, мускулите ги придвижуваат коските, а нервите ги поттикнуваат мускулите на работа. Што мислите, кој дел од телото управува со сите тие работи? – Мозокот.

Потоа вниманието на вашето дете, насочете го кон постерот со човечкото тело и поведете разговор за него.

Поттикнувајте го детето само да ви ги опише деловите на човечкото тело кои се дадени на постерот, да ги именува, да каже за што служат тие, односно што прави со нив, колку се на број, да ги спореди тие што се по два идентични, да најде сличности и разлики помеѓу нив.

Набљудувајте, освен надворешни органи има и внатрешни кои функционираат како машина. А таа машина, за да работи потребна и е храна која дава енергија, која му е потребна на телото за да прави разни работи. Разговарајте дека коските го држат телото и помагаат при одење. Истовремено ги чуваат внатрешни органи. Сите коски во телото се викаат скелет.

Набљудувајќи го скелетот – споредувајте ги коските, која од нив има свој пар.

Направете го набљудувањето интересно, со тоа што ќе му предложите на детето само по сопствен избор на ликовен материјал, да го нацрта сопственото тело, полека и внимателно онака како што го доживува. Потоа разгледувајќи го нацртаното, именувајте ги деловите на телото.

Продолжете со интересна откривачка игра меѓу себе, во која детето ќе погоди-открие кој орган има свој пар (око, уво, рака, нога, веѓи, ноздрва, колено, пета, лакт, рамо….).

Ако детето пројави интерес понудете му да работи на работниот лист:

Поврзи кое на што припаѓа:

Тело од геометриски форми – состави и обој

По можност испринтајте ја сликата, заедно исечете ги деловите од телото и детето да ги постави на соодветното место на човечкото тело.

Подготвил: Воспитувач Љубинка Томовска