Реализирани активности во септември и октомври –Матичен објект
Во текот на месец Септември, беа реализирани голем број на активности – истражувачки, ликовни, говорни, музички игри, преку кои децата ги збогатуваа своите искуства, а беа одбележани и неколку позначајни денови.
Во рамките на планот за реализација на воспитно-образовните теми, децата го проследија едукативниот филм со наслов “Детективот Дланковски”– Поттикнати од содржината на истиот, своите впечатоци ги преточија низ ликовно изразување. Го нацртаа сето она што е поврзано со хигиената и здравиот начин на живеење.
Одбележување на 22.09 – Ден без автомобили
На ден 22.09, се одбележа Денот без автомобили под мото: “Со велосипед за поубав свет“- со креативни изработки на велосипеди од природен и вештачки материјали. Убавото време се искористи за игри во дворот.
Одбележување на месец на јаболкото
На ден 30.09.2020 година, беше одбележан – месецот на јаболкото, со децата од 2 до 6 години. Се водеше разговор со децата, дека секое овошје и зеленчук треба да се измие убаво пред да се конзумира, а сето тоа и практично го реализиравме. Следеа активности со правење на сок, овошна салата и правење на колачи од јаболко и бисквити. Исто така децата креативно се изразија преку моделирање на јаболки од пластелин и техника – печатење со јаболки.
Одбележување на 4 ти Октомври – Ден за заштита на животните
4ти Октомври – “Светскиот ден за заштита на животните”, под мото:”Животните од нашата Зоолошка градина”, беше одбележан во групите од 4 – 5 години. Со една цел, децата да се запознаат со видовите на животни и грижата за нив. На сликовит начин децата ги цртаа животните од сите краишта на земјата.
Одбележување на Детската недела
Воспитниот тим на Матичниот објект, по повод Недела на детето, ја реализира театарската претстава: ”Час по демократија”, која е снимена во видео верзија и е ставена на Веб – страната на градинката. Една од целите е унапредување на правата на децата и создавање на безбедна, здрава и прогресивна иднина за децата.
Детската недела се одбележа преку разговор, игри и цртежи. Децата се запознаа со правата, но и обврските на сите деца.
Ден на чисти раце – 15ти Октомври
Активот на воспитувачи при Матичниот објект, по повод Денот на чисти раце -15.10, ја презентираше претставата ”Нечиста Стана”, во холот пред дечињата од сите воспитни групи.
Одбележување на Денот на борба против гладта – 16.10
Овој ден беше одбележан во сите воспитни групи од 2-6 години, преку различни техники (моделирање, колаж, правење колачи). Децата со голема љубов правеа кошница со храна, а не изостана и возот со здрава храна – кој треба да стигне до гладните деца од светот.
Одбележување на месецот на штедење
На покана на НЛБ “Тутунска банка”, во рамките на месецот на штедењето – октомври, децата од воспитната група од 5-6 години, учествуваа на ликовен конкурс, со цртање на дадени теми:”Штедење” и “Истражување на убавините на нашата земја”
31.10 – Светски ден на штедење
По повод Денот на штедење, децата од групите од 4 – 5г. преку говорни игри, ги откриваа своите размислувања за значењето на штедењето, начинот на штедење, а воедно и ликовно ги илустрираа своите касички со монети.
Октомври – месец на баба и дедо
Месец октомври е месец на баба и дедо. Имајќи ја предвид актуелната ситуација, наместо во градинка, активности поврзани со оваа тема беа реализирани во домашни услови. Убавите заеднички, пријатни моменти на дружење со баба и дедо, беа преточени со слики, фотографии и видео записи.