Возрасна група: 4 – 6 години
Наслова на активноста: “Есенски танц“ – Математичка игра
Цели на активноста:
-Да се поттикнат децата кон користење на математички поими во околината
-Да се поттикнат кон воочување, препознавање и именување на форми, броеви и сл.
Потребен материјал: предмети и средства од околината (лисја, дрвја), текст од детско списание…
Тек на активноста:
Математиката за децата од мала возраст, може некогаш да не доведе до потешкотии во тоа, на кој начин ќе им ја претставиме задачата што е потребна детето да ја научи. За да им биде забава учењето на математика, еве еден предлог од нас како да го правите тоа, најчесто преку набљудување и на практичен начин.
Излезете со детето во најблиската околина, при тоа разговарајќи за годишното време есен и што најчесто забележувате во природата околу нас (паднати лисја од дрвја и сл.) Земете лист и разговарајте за неговата боја, форма, големина и сл. Разговарајте и за поимите – под, над и покрај – на тој начин што ќе го прашате вашето дете што има под гранките на дрвото, што над, а што покрај. Потоа почнете со броење на паднатите лисја од дрвото, се додека заинтресираноста на детето е на завидно ниво.
Доколку сте спречени да излезете во блиската околина, споделуваме со вас текст, кој ќе ви помогне во активноста.
Подготвил: Воспитувач – Александра Ѓоргиева