Есенски плодови – печатење со нестандардни ликовни материјали – Манипулативна игра

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активност: Есенски плодови – печатење со нестандардни ликовни материјали – Манипулативна игра

Цели на активноста:

-развивање на фината моторика на дланката, прстите и координацијата око-рака
-поттикнување на самостојноста во користење на различен ликовен материјал
-поттикнување интерес за учество во ликовни активности, преку користење на разни форми на ликовно изразување.

Потребен материјал: плодови за изработка на печати, темперни бои, четки и бели листови

Тек на активност:

Разговарајте со вашето дете за карактеристиките за годишното време есен, промената на боите во природата која ни ја носи есента и здравите есенски плодови, кои се присутни во овој период од годината. Исто така поттикнете го детето да ви наброи есенски плодови и да каже кое му е омилено.

Потоа предложете му ликовна игра, во која детето ќе печати есенски плодови. Имено земете парче компир или некој друг плод и пресечето го на половина. Со помош на скалпер направете форма на некој есенски плод. Во палета за темперни бои, истурете неколку различни бои на пр. црвена, зелена, кафена, виолетова, во зависност од тоа каков плод ќе печатите и при тоа објаснете му на детето што треба да прави. Со врвот на четката нанесете некоја од наведените бои, обоите ја изработената форма и заедно со вашето дете печатете.

На крај пофалете ја креативноста на вашето дете и забавувајте се со некоја есенска песничка.

Подготвил: Воспитувач – Ана Пандиловска