„Боите на  есента“- Ликовна игра

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста:„Боите на  есента“- Ликовна игра

Цели на активноста:

*Да се поттикне детето кон развивање на координацијата меѓу окото и раката
*Да се поттикнува детската креативност при ликовното изразување
*Да се поттикнува и развива мисловниот процес
*Да се поттикне интересот кон истражување ,манипулација и користење на различни ликовни средства и материјали

Потребен материјал: листови од дрво, лист од блок, темен лист, ножички, молив, хефталка или селотејп, пластична кеса…

Тек на активноста:

Со употребата на различните ликовни  техники, преку конкретни задачи со употреба на одреден начин на цртање, сликање – се задоволува детската потреба за слободно ликовно изразување, се развиваат услови за развој на креативна личност, но и се јакне самодовербата и сигурноста на детето во сопствените ликовни способности.

За таа цел на денешната активност, децата ќе играат и експериментираат токму со боите. За реализирање на активноста, потребни ви се суви листови од блиската околина, лист од блок, темен лист, кеса за складирање продукти во ладилник, ножички, темперна боја, лепак и молив. На листот со темна основа, детето со молив нека исцрта контура на лист, која треба самостојно да ја исече. Потребно е да се исече внатрешниот дел од контурата и за таа цел можно е детето да има потреба од ваша помош. Потоа пршајте го детето – кои бои ја претставуваат есента (жолта, портокалова, црвена, кафена) и откако ќе ги наброи, од истите ставете во кесата на неколку места и истото убаво затворете го. Со помош на хефталка или селотејп, кесата можете да ја прицврстите за листот од блок и од горната страна ставете го темниот лист – така што таа ќе остане мегу двата листа. Потоа детето нека ја разнесе бојата со притискање на прстите, но треба да внимава на движењата и тие да бидат до дадената линија, со што детето ќе ја вежба својата прецизност и ќе ја развива фината моторика.

Додека детето работи, постојано поттикнувајте го и пофалувајте го. На крај готовата творба истакнете ја на видно место каде ќе го краси вашиот дом.

Подготвил: Воспитувач – Виолета Стефановска