Возрасна група: 2 – 4 години
Наслов на активност: Koj ќе ја погоди играчката – Подвижна игра
Цели на активноста:
– запознавање со правилата на играта и нејзината содржина
– развивање на основните движења
– развој на способност за ориентација во просторот
Потребен материјал: столче, топка, играчка…
Тек на активноста
Играта е доминантна активност во детството. Таа е цел самата по себе и има големо значење за детскиот развој. Играта е незаобиколувачки дел од развојот на секое дете. Играта индиректно придонесува за детскиот социјален, емоционален и интелектуален развој. Развојот на психичките и физички карактеристики, менталните и креативни способности, се реализираат преку играта. За таа цел, ви предлагам игра, која се надевам ќе го задржи вниманието на детето.
Се ставаат три столчиња едно зад друго. Зад столчињата се става една играчка што може да се тркала, на пример количка, топка и друго. На еден чекор од првото столче застанува детето. Тоа држи топка во раката и ја замавнува со обете раце. Топката се тркала под столчињата и ја соборува играчката. Активноста може да продолжи онолку пати, колку што има интерес за играње кај детето.
Подготвил: Воспитувач – Сузана Чурлинова