Запознавање на децата со нивните права

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: Запознавање на децата со нивните права – Разговор

Цели на активноста:

-Стекнување на позитивна и реална слика за себе, градење на свеста за поимот за себе;
-Стекнување свест за својата улога и право во општествениот живот;
-Да се поттикнува и да се развива способноста за раскажување и изразување со целосни реченици;
-Негување на способност за препознавање на звучноста и ритмичноста на поетскиот говор и мотивирање на помнење стихови;
-Поттикнување на истрајноста во исполнување на задачата

Потребен материјал:  енциклопедија, интернет, едукативни филмови, серија слики…

Тек на активноста:

            Месец Октомври е месец на детето, почитување на детските права и обврски, кои што Вие родителите треба да ги почитувате и реализирате.

Детските права ги имаат само децата и никој не може да им ги одземе. Правата на децата се собрани во еден закон што важи за сите деца, во целиот свет и се вика Конвенција за правата на децата.

            Луѓето од различни земји, култури и религии работат на тоа да обезбедат, секое од децата во светот да ги уживаат правата на: здравје и образование, правото на семејство кое се грижи за детето, на игра и на сопствена култура, правата на заштита од експлоатација и насилство од било кој вид и права – децата да бидат слушнати и нивното мислење да се има во предвид за најразлични работи.

Во Конвенцијата за правата на децата е опишано се она што можат да го прават децата и се она што мора да прават возрасните, кои се одговорни за нив, за да ги направат среќни, здрави и сигурни. Исто така можат да се дознаат и одговорностите што секое дете ги има кон другите деца и кон возрасните. Секој мора да внимава, со остварувањето на своите права да не ги повреди правата на другите.

Затоа драги мои, треба да разбереме дека Децата се нашето најголемо богатство, да им овозможиме весело детство.

Во продолжение една интересна стихотворба, која што е поврзана со правата и обврските на децата:

„Детето има право“

Сите деца од целиот свет, од разни бои и раси,
се еден најубав букет – насмевка нека ги краси.
И сите имаат право на радост, среќа и мир,
да растат среќно и здраво – на целата Земјина шир.
Ниедно дете не смее да биде гладно и жедно,
сонцето топло што грее – тоа е за сите едно.
Децата имаат право да учат и да се дружат,
сите да живеат здраво – другарски рака да пружат.
За се во песнава моја постојат декларации,
а зад нив целосно стојат – Обединетите нации.

Подготвил: Воспитувач – Оливера Ѓоревска