Секое општество очекува дека неговата млада популација ќе израсне во способни и одговорни граѓани кои во својот живот ќе дадат значителен допринос во заедницата во која живеаат. Но, сепак, низ светот на многу деца им се ограничени или воопшто не се почитуваат нивните права. Унапредувањето на правата на децата ќе ги охрабри сите граѓани да делуваат заедно, со цел да создадат безбедна, здрава и прогресивна иднина за децата.
Децата треба да се запознаат со своите права низ процес низ кој ќе развијат свесност за себе како индивидуа, но и како дел од општествената заедница во која освен права имаат и обврски.