Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активноста: „ДЕЦАТА ИМААТ ПРАВА, НО И ОБВРСКИ“ – Oткривачка игра
Цели на активноста:
– да се развива свеста за себе и за своите права, како и свеста за припадност кон заедницата и обрвските кои неа;
– да се поттикнува развојот на мисловните процеси преку набљудување, споредување, асоцијативно поврзување и заклучување;
– да се развива одговорноста преку конкретни примери;
– да се развива самодовербата, самопочитта и емпатијата;
Потребини ресури: комјутер или ТВ; парни слики (прилог 1 во ПДФ формат); ножички, листови од блок, ликовен материјал по избор (фломастери, дрвени или восочни боички)
Тек на активноста:
Секое општество очекува дека неговата млада популација ќе израсне во способни и одговорни граѓани, кои во својот живот ќе дадат значителен придонес во заедницата во која живеаат. Но сепак, низ светот на многу деца им се ограничени или воопшто не се почитуваат нивните права. Унапредувањето на правата на децата, ќе ги охрабри сите граѓани да делуваат заедно, со цел да создадат безбедна, здрава и прогресивна иднина за децата.
Децата треба да се запознаат со своите права низ процес низ кој ќе развијат свесност за себе како индивидуа, но и како дел од општествената заедница во која освен права, имаат и обврски. Поимите „права и обврски“ се апстрактни за оваа возраст и за нивно усвојување е потребна добро одбрана стратегија на поврзување и споредување на секое право со соодветната на него обврска.
Заедно со вашето дете погледнете го видеото „Час по демократија“ споделен на нашата веб страна. Поразговарајте за новите зборови и задржете се на поимите права и обврски.
Во наредниот чекор разгледајте ги парните слики, кои треба да ги испечатите и исечете и поразговарајте за секој пар поединечно. Разговорот нека биде насочен:
– вербално презентирајте го избраното правото;
– објаснете какво е значењето на тоа право за децата;
– поврзете го конкретното право на детето со обврските на родителите и околината кои произлегуваат од него;
– објаснете му на детето – како што возрасните имаат обврска да го почитуваат тоа право на децата, така и децата имаат обврски кои произлегуваат од него;
– поразговарајте за одреден конкретен пример од вашето семејство, како вие ги исполнувате вашите обврски и со тоа ги почитувате правата на децата, но и како вашето дете се однесувало за да ја исполни својата обврска;
– креирајте игра на улоги, инспирирана од оваа тема;
Кога ќе ги поминете сите парни слики, а со тоа и сите права и обврски, од парните слики направете…
Математичка игра на поврзување. Во две, вертикални, колони поставете ги измешани сликичките, во левата – сликичките со права и во десната – сликичките со обврски. Детето треба да ја поврзе секоја сликичка со својот пар. Додека ги бара соодветните парови, поттикнете го вашето дете уште еднаш да размисли за секое право и обврска.
На крајот од денот, заедно со вашето дете направете ликовна работилница. Нацртајте ваши парни слики испирирани од вашите искуства. Цртежите споделете ги со нас и преку нашата веб страна со останатите деца и родители.
Подготвил: Воспитувач – Снежана Гуцуљ
Прилог 1: парни слики за печатење ПДФ
Прилог 2: парни слики со права и обрски ЈПГ: