Наслов на активноста: Обработка на песничка “Здрава храна, за детство без мана”
Цели на активноста:
-детето да се оспособува да пее со инструментална придружба
-самостојно да пее песничка и да препознава разни видови на музички ритам
-да покажува поголема самостојност при избор на песна, музика која сака да ја слуша
-да го препознава и именува карактерот на музиката (весела, тажна…)
-негување на интерес и љубов кон музиката што се слуша
Тек на активноста:
На почеток потребно е на детето преку разговор да му објасните – колку е важна правилната исхрана за неговиот раст и развој – таа му дава сила и му овозможува да спортува, да размислува, да се бори против бактерии и вируси.
Потоа ја слушате песничката “Здрава храна за детство без мана” / 5+ бенд.
Откако ќе ја слушнете, детето го запознавате со текстот на песничката, при тоа поставувајќи му прашања: Која храна е здрава за јадење? Зошто треба да јадеме здрава храна? и сл. Со тоа го поттикнувате детето самостојно да размислува и да доаѓа до заклучоци.
Започнувате со учење на текстот, збор по збор со повторување, без музика, може и со држење ритам со раце т.е со плескање во ритам со споро темпо.
После неколку повторувања, испејте ја заедно без музика, со плескање на раце во одреден ритам.
На крај пуштете ја уште еднаш, овој пат со музика и заедно испејте ја песничката.
Подготвил: Музички педагог – Златица Кратовалиев