Возрасна група: 4 – 6 год.
Наслова на активноста: „Мојата здрава чинија“
Цели на активноста:
-Потикнување на детското сознајно искуство за видовите на здрава храна, потребата од нејзиното конзумирање
-Поттикнување на детето да умее да прави разлика помеѓу овошје и зеленчук (форма, вкус, боја и сл.)
Потребен материјал: чинија, овошје, зеленчук, прибор за јадење
Тек на активноста:
Конзумирањето на здрава храна е секојдневие на секој човек. Навиките за конзумирање на здрава храна се стекнуваат уште од најмала возраст, иако ни е добро познато дека, не секое дете внесува здрава храна.
Ќе ви понудиме интересен и лесен начин, како да му подготвите здрав оброк со овошје или зеленчук на вашето дете. За подготовка на овошен оброк користете банана, киви и портокал, направете палма, на тој начин што стеблото ќе ви биде бананата, гранките – киви и на долниот дел ставете портокал, кој ќе служи како песок. За оброк со зеленчук, на хартиени чинии исцртајте лик, а потоа со зеленчукот украсете го ликот (коса со пиперки, брада со марула, веѓи со краставица, нос со морков и сл).
Се надеваме дека овој практичен и едноставен начин на конзумирање на овошје и зеленчук, на секое дете ќе му стане секојдневие.
Подготвил: Воспитувач – Александра Ѓоргиева