Хигиена на овошјето и зеленчукот

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активност: Хигиена на овошјето и зеленчукот (разговор низ практични примери)

Целi на активноста:

– да се стекнат основните навики за одржување на  хигиена на продуктите на исхрана

– да се оспособува да ги препознава факторите кои можат да го загрозат здравјето

– да се поттикнува мисловниот процес кај децата

– развивање на ситната мускулатура на рацете

Потребен материјал: длабок сад, свежи намирници, прибор за јадење и пластелин.

Тек на активност:

Во овие времиња кои се предизвик за сите нас и за вас како родители, кога сте дома со вашите деца обрнете внимание на исхраната, да се внесува многу овошје и зеленчук и со тоа да го зајакнете имунитетот кој е најважен во борбата на детскиот организам против вирусите и бактериите.

Подготовката на овошјето и зеленчукот е многу важна и треба многу убаво и темелно да се измијат пред да се конзумираат.

За таа цел со вашите најмили појдете во кујната,  отворете го ладилникот и извадете го овошјето и зеленчукот и прашајте го вашето дете..“што би требало да направиме пред да изедеме една свежа или овошна салата“­?

Му објаснуваtе и разговараtе дека, пред да се изеде некоја вкусна салата треба да се измијат свежите намирници убаво, за да ги одстраниме сите нечистотии што се наоѓаат на нив. Потоа исчистете ги работните плочи во кујната и приборот пред и по подготовка на храната. Измијте овошје и зеленчук и истото направете го и со тие овошја и зеленчуци со цврста површина или кори (пр.моркови, компири, портокали). Додека ги миете продуктите со вашето дете, разговарајте за нивната големина, форма и боја. Поттикнете го и охрабрете го детето и самостојно да измие некое омилено овошје или зеленчук. Откако ќе бидат сите темелно и убаво измиени направете вкусна свежа салата или разнобојна овошна салата. Поттикнете го детето нека измоделира од пластелин – омилено овошје или зеленчук.

Подготвил: Воспитувач – Ана Пандиловска