Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активноста: Зошто треба да спортувам? – Разговор
Цели на активноста:
– Рано откривање на спортскиот потенцијал кај детето;
– Поттикнување на социјалното однесување, јакнење на карактерот, самопочитување и самодоверба;
– Детето да се поттикне кон развивање на координираност помеѓу окото и раката, со користење на различни материјали;
– Негување на чувството на радост и задоволство од постигнатиот резултат;
– Развивање на трпеливост, истрајност и доследност во реализирањето на активноста;
Потребен материјал: вреќи, јаже, препреки, пластични чаши, топка, пластични – дрвени стапчиња, картонска кутија, штипки, ножици, лепак, украсна хартија….
Тек на активноста :
Спортувањето носи најголеми придобивки кај децата, почнувајќи од физичкото и од психолошкото здравје, се до социјалниот аспект од животот.Токму тој – СПОРТОТ, влијае на поттикнување на социјалното однесување, јакнење на карактерот, самопочитување и самодоверба, навики за здраво живеење…Тимскиот спорт пак ги учи на тимска работа, делење, самодисциплина, лидерство, вештина за комуникација, совладување проблем – ситуација, емпатичност, истрајност, спортски карактер, фер плеј, почит кон другите…..Практикувањето на кој било спорт или физичка активност е есенцијално за нивното подобро и правилно растење и развивање. За таа цел Сите заедно имаме одговорност и задача за раното детектирање на спортскиот потенцијал – Зошто ? – Затоа што секое дете има сопствени карактеристики и склоности, кои се препознаваат од најрана возраст. Токму Вие почитувани и Ние, ја имаме таа чест да го разбудиме Спортистот во Вашите и Наши најмили – низ разговор, прашања, слики, енциклопедии, истражување, поттикнување, креирање, насочување, мотивирање, учење, набљудување – ги учиме нашите Најмили да поставуваат цели и да вежбаат.
Согласно моменталната ситуација, мошне е важно да продолжиме да чекориме напред – токму затоа во продолжение ќе погледнете серија слики, идеи за креирање на спортски игри во домашни услови, спортско рекреативни активности во вашиот двор, блискиот парк и сл. Со нетрпение ги очекуваме нашите НАЈЈЈмили креативци со фотографии од креативни активнсти, кои им оставиле впечаток. И да не заборавам, најнапред неопходно е да го подготвиме телото со вежби за загревање и истегнување.
Подготвил: Воспитувач – Јасмина Трпчевска