Возрасна група: 2 – 4 години
Наслов на активноста: Обработка на стихотворба
Цели на активноста:
-Запознавање со содржината на стихотворбата;
-Збогатување на речникот со нови зборови;
-Развивање способност за слушање и разбирање на значењето на изговорените зборови
Потребен материјал: прибор за лична хигиена, бел лист, боички
Тек на активноста:
Повикајте го вашето дете во вашата бања, каде ќе правите балончиња од детското шампонче. Започнете разговор за приборот за лична хигиена: сапунче, чешел за коса, четкичка за заби, паста за заби и друго и запознавајте ги – едноставно анализирајте. Дојдете до заклучок дека, личната хигиена е половина здравје.
Во продолжение запознајте го детето со содржината на стихотворбата:
„Чисто Дете“
За оние што лице мијат ,
за оние што вратче тријат,
што чешлаат коса,
и чисто се носат, –
триста пати браво,
Триста пати здраво !
Потоа анализирајте ја содржината, а доколку има непознати зборови објаснете му ги на детето, а потоа повторете ја заедно неколку пати во текот на денот и неделата. На крајот дајте му на детето бел лист, на кои ќе треба со боички да ги доцрта цртичките на чешлето и четкичката.
Гатанка
Најважно е во бањата,
зошто да се крие,
кога е утро и вечер –
тој не чисти, мие.
(сапун)
Подготвил: Воспитувач – Сузана Чурлинова