Возрасна група: 2 – 4 години
Наслов на активноста: „Мојот прибор за лична хигиена“- Моделирање
Цели на активноста:
- Да ја негува уредноста и да се поттикне детето да води грижа за личната хигиена
- Да се поттикнат способноститте за обликување на разни едноставни форми и облици
- Навикнување на редовно и правилно користење на средствата и приборот за лична хигиена
- Развој на фината моторика на дланката и координација око-рака
Потребен материјал: подлога каде што ќе се работи со пластелинот, пластелин, прибор за лична хигиена како нагледно средство, ЦД плеер..
Тек на активноста:
Децата на оваа возраст веќе се запознаени со приборот за лична хигиена, но секако одвреме навреме треба да ги потсетуваме за правилната употреба на истиот посебно во време на пандемија. Разговарајте со детето за тоа кој прибор од лична хигиена го познаваме и за што ни служи. Разговарате за тоа кога и како го користите сапунчето, кога треба да се мијат запчињата, рачињата, зошто служи чешелот, на колку време се менува приборот за лична хигиена.
Посетете ја со детето бањата во вашиот дом и дозволете му да ги именува и практично да покаже како ги користи. Понудете му пластелин и заедно почнете да моделирате, обликувате чешелче, сапунче, четка за заби, сунѓерче за бањање…. Додека моделира, разговарајте со детето за структурата на пластелинот, боите, формите што ќе ги моделира. Додека детето работи, пофалете го за неговата креативност и направете му пријатна атмосфера слушајќи ја песничката ,,Чисто дете “- Ема Момчиловска
На крај, направете изложба од изработките и ставете ги на видно место.
Подготвилa – Силвана Бошковска – Ќулавковска