Обработка на стихотворба “Сапунче” и “Чисто дете”

Возрасна група: 2 – 4 години
Наслов на активностите: Обработка на стихотворба “Сапунче” и “Чисто дете”
Цели на активноста:
-Развивање на способноста за меморирање и интерпретација
-Збогатување на речникот на децата
-Развој на слушното внимание кај децата
-Поттикнување на стекнување елементарните хигиенски навики од најмала возраст
Потребен материјал: апликации, слики, стихотворби “Сапунче” и “Чисто дете”, ликовен материјал

Тек на активност:

Започнете разговор со вашето дете за  одржувањето на личната хигиена, што се правите почнувајќи од утринските ритуали и како продолжувате во текот на денот.. Искористете ги фотографиите бр.1 и поттикнете го детето да ги препознае различните дејствија и нивната важност за нашето здравје. Потоа разгледајте ги приборот и средствата за одржување на личната хигиена на слика бр.2 и поттикнете го детето да ги именува. Во продолжение, прочитајте му ја стихотворбата (бр.1 или бр.2 по ваш избор) користејќи соодветна интонација и дикција при изговорот, со цел да предизвикате интерес кај Вашето дете и можност за разбирање на секој збор одделно.

1. “Чисто дете”
Јас сум чисто детенце
Нема што да кријам
Со сапун и водичка
Рачиња си мијам

Рачиња, рачиња
Јас си мијам сама
Ех со чисти рачиња
Ќе ја гушнам мама

2. “Сапунче”
Сапунче, сапунче
Бели пени правиш
Да сме сите чисти
Румени и здрави

Огледалце мало
Ќе ми каже право
Кому треба мамичка
Да му каже браво

Поттикнете го  детето да ја рецитира заедно со вас, охрабрувајќи го и пофалувајќи го секој негов обид. На крајот можете по избор на детето, заедно да нацртате прибор или средство за одржување на личната хигиена.

Подготвил: Воспитувач – Билјана Пушкин