Како ја одржувам личната хигиена – Разговор низ серија слики

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: Како ја одржувам личната хигиена Разговор низ серија слики

Цели на активноста:

-Да се усовршува способноста кај детето самостојно да ги извршува своите физиолошки потреби внимавајќи на хигиенските правила;
-Да се усовршува способноста да препознава штетни и опасни навики по здравјето;
-Да се оспособува да ги препознава факторите кои можат да го загрозат здравјето;
-Да се оспособува за раскажување настани по серија слики кои имаат одреден редослед;
-Да се поттикнува и да се развива способноста за раскажување и изразување со целосни реченици.

Потребен материјал:  енциклопедија, интернет, едукативни филмови, серија слики, истражувачка игра, цртачки материјал…

Тек на активноста:

Чистотата е половина здравје, затоа е потребно секој човек да ја запази личната хигиена. Под лична хигиена се подразбира чистотата на телото, облеката и местото на живеење. Личната хигиена треба да ја одржуваме  поради соочување на личното здравје, а здрав човек е богат човек.

Секое дете мие раце, лице, заби. Секој се бања, се чешла и ноктите ги сече. Хигиена се одржува секој ден со помош на средствата за лична хигиена, и тоа: вода, сапун, шампон, паста за заби. За одржување лична хигена, постои прибор за лична хигиена, и тоа: чешел и четка за коса, четка за заби, пешкир, фен за сушење на коса, ножички за сечење на нокти. Секое утро миеме лице, а пред секое јадење миеме раце.

Ваша задача, како родител е да го поттикнете детето на разговор низ неколку серии на слики, раскажување по редослед, изразување со целосни реченици, едноставно детето да се потруди да го раскаже сето она што го гледа на сликите, да состави куса приказна…

Потоа поттикнете го детето да ја реализира оваа интересна истражувачка игра:

Како заклучок од сето она што сте го меморирале, нека се потруди детето да нацрта што прави за да биде здраво:

За крај од оваа едукативна активност – стихотворба, која се надевам дека ќе го задржи интересот и вниманието на детето.

За да бидам здрав, јас…

Заби, лице мијам, топло млеко пијам.
Наутро штом станам, вежби правам.
Јадам здрава храна, морков и банана.
Палав сум и од ништо немам страв, кога сум здрав.
Скокам, играм, пеам, со другари се смеам.
Во ноќта темна мрак штом падне, во постела сонувам сон, а на небото сјајна ѕвезда разлева тивок ѕвон.

Подготвил: Воспитувач – Оливера Ѓоревска