Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активноста: ДЕТЕКТИВОТ ДЛАНКОВСКИ – Откривачка игра
Цели на активноста:
-да се поттикнува развојот на когнитивните процеси: набљудување, манипулација, размислување и заклучување;
-да се подобрува сфаќањето на причинско – последичните врски и релации;
-да се оспособува да ги препознава факторите кои можат да го загрозат здравјето: валкани раце, валкана храна, валкана околина.
Потребни ресурси: компјутер, лист од блок, фломастери, безопасна, маркери, медицинска ракавица, лупа.
Тек на активноста:
Заедно со вашето дете погледнете ја видео приказната на You tube, за Детективот Дланкоски
Во текот на гледањето на одредени места паузирајте и започнете разговор низ кој ќе ги поттикнете мисловните процеси кај вашето дете, размислување и заклучување. Поставувајте прашања од типот:
– Што мислиш, зошто ова дете се разболело?
– Што пропуштиле да направат децата?
-Кој ја предизвикал болеста кај децата?
Предложете му на вашето дете и тоа да биде детектив кој ќе ја истражува околината. Изработете заедно значка која ќе ја носи додека истражува, а пред да ја добие значката, треба да положи заклетва дека редовно и правилно ќе ги мие рацете. На едното раче нека облече медицинска ракавица на која сте го нацртале ликот на детективот Дланковски, а со другото ќе манипулира со лупа и …….истражувањето може да започне. Насочете го да прегледа колку површините во домот се чисти, колку е чист подот или пак бањата. Истаржувајте и забавувајте се заедно, а на крајот направете записник.
После оваа активност, вашето дете ќе биде воведено во светот на микроорганизмите. За наредниот ден ви предлагам да ја реализирате активноста „Како се пренесуваат микроорганизмите“ од нашата веб страна.
Подготвил: Воспитувач – Снежана Гуцуљ