Направи сам, мала гитара – Kреативна игра

Наслов на активноста: Направи сам, мала гитара – Kреативна игра

Цели на активноста:

-Да се оспособува детето за користење на различни играчки, предмети и средства  во изразување на сопствени идеи

-Развивање и јакнење на фината моторика, прецизност, трпение, истрајност, креативност во изразувањето и усовршувањето на манипулативните вештини и умеење

-Стекнување на знаења, преку конкретно набљудување, откривање, резонирање и манипулирање со предмети, поврзано со основните математички поими и релации

Потребен материјал: Метален капак од тегла, шпатула, шарена украсна хартија (или самолеплива хартија), двострано леплива лента (или универзално лепило), ножички, гумени ластичиња со различна дебелина и големина

Тек на активноста:

Музиката е уметност во која со помош на тонови, човекот ги изразува своите емоции, мисли, желби и доживувања. Свирењето на детски музички инструменти, претставува посебно омилено подрачје за дечињата. Детски музички инструменти се: тапан, дајре, стапчиња, тропалки, кастанети, чинели, триангл, ѕвончиња, флејта, гитара.

Затоа, потикнете го детето на разговор – Кој му е омилен инструмент…и предложете му, заеднички со ваша помош, да дојде до израз детската креативност и да направите една интересна гитара.

За таа цел, земете една шпатула или (стапче од сладолед) и обложете ја со шарена украсна хартија. Земете еден метален капак и на него поставете 2 -3 различни гумени ластичиња.

Од задната страна на капакот, залепете парче од двострана леплива лента и на тоа место залепете ја шарената шпатула. Твојата малечка гитара е готова. Обиди се, засвири. А потоа запеј ја и твојата омилена песничка.

Подготвил: Воспитувач – Љубинка Томовска