Наслов на активноста: “Креативно изразување со боја” – Истражувачкa игрa
Цел на активноста:
1.Развивање на љубопитноста кај детето;
2.Развивање на способноста за перцепирање и разликување на боите;
3.Развивање на способноста на креативно изразување со боја;
Потребен материјал: хамер, темперни бои, неколку длабоки садови со тркалезна форма, лажица, 3 – 4 џамлии.
Тек на ативноста
Креативното изразување со боја, може да се реализира интересно преку следнава активност:
На дното од тркалезниот сад ставаме подебела хартија – хамер која ја сечеме во иста димензија за да одговара и соодветно да се поклопува со димензиите на садот. Во неколку различни садови, ставаме боја и во неа ги потопуваме џамлиите. Потоа со лажичка се вадат џамлиите и ги ставаме во садот со хартија. Детето го зема садот во раце и прави различни движења со него: напред, назад, лево, десно.
Детето може да увиди дека, џамлиите оставаат траги во различни бои и облици. Оваа игра кај децата развива – креативно изразување и ликовна љубопитност. Со оваа техника на боење, особено помалите деца – експериментираат и откриваат бои и нови облици.
Забавувајте се, играјќи си со џамлии.
Подготвил: Воспитувач – Ана Пандиловска