„Детето во светот на боите“

Наслов на активноста: „Детето во светот на боите“

Цели на активноста:

-детето да се поддржи во истрајноста при процесот на откривање и учење

-развивање на способноста за перцепирање и разликување на боите

-развивање на способност за креативно изразување со боја

-воочување и именување на примарни и секундарни бои од непосредната околина

Потребен материјал: лист хартија, темперни бои, четки, вода, 6 чаши, кујнска хартија, торбичка, играчки, ЦД.

Тек на активноста

Виножитото е едно од најубавите појави во природата, личи на вистинска магија на небото. Виножитото ги има најубавите бои.

Седнете со своето дете на удобно место и затворете ги очите. Вдишете длабоко и издишете. Така неколку пати и вратете се на нормално дишење. Замислете си дека се наоѓате на некоја ливада полна со разнобојни цвеќиња. Легнете на тревичката. Погледнете кон небото и замислете си го најубавото виножито. Воочете ги 7-те бои на виножитото. Тоа се – црвена, портокалова, жолта, зелена, темно сина, светло сина и виолетова. Уживајте гледајќи го виножитото. Врежете го во своето сеќавање. Полека вратете се на звуците од околината што ве опкружуваат. Вдишете длабоко и полека издишете. Отворете ги очите.

Сега земете лист хартија, темперни бои, четки и чашка вода. Детето нека слика виножито – каде бевте со мислите пред да ги отворите очите. Употребете ги сите бои, кои ги има виножитото. Објаснете му на своето дете кои се примарни бои (црвена, жолта и сина) на виножитото, а кои се секундарни бои (портокалова, зелена и виолетова). Објаснете му, доколку ги има само примарните бои, како би ги добило и секундарните бои (со мешање на црвена и жолта боја се добива портокалова боја, со мешање на жолта и сина боја се добива зелена боја и со мешање на црвена и сина боја се добива виолетова боја).

Откако детето ќе го заврши цртежот, изложете го на видно место, за да може при секое поминување да се потсетите на тоа – колку многу уживавте додека бевте на ливадата, гледајќи го виножитото.

/Земете торба и ставете во неа разни предмети и играчки. Детето нека извлече еден предмет и нека ја каже бојата на предметот (коцки, боички, играчки и сл.) Прашајте го детето дали бојата на предметот е во примарни или во секундарни бои. Направете го тоа со секој од предметите во торбичката.

/ Подгответе и една истражувачка игра со бои. Земете вода, 6 чаши, кујнска хартија и бои. На детето му се објаснува на кој начин ќе се постават чашите со растворена боја во водата, а на оние чаши коишто се полни само со вода, им е потребно подолго време за да се добијат другите секундарни бои.

Заедно со детето се местат чашите во круг се полнат со вода, а само во втората, четвртата и шестата чаша се става боја, односно сина, жолта и црвена боја. Чашите наредени во круг ги поврзуваме со кујнска хартија, која на краевите е натопена во течноста. Тие треба да се остават да стојат два часа, за да може да се добијат секундарни бои, односно чашите кои се полни со вода ја впиваат бојата од другите споредни чаши, при што во нив се гледа секундарната боја (пр. од црвена и жолта=портокалова, од сина и жолта=зелена и од црвена и сина=виолетова).

 На крај на активноста, може заедно со детето да ја научите песничката.

Ви прилог Ви доставувам линк. https://www.youtube.com/watch?v=41SuWy2Zih0 .

 

Подготвил: Воспитувач – Јелена Мирческа