Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активноста: “Сакам да знам за убавините на морскиот свет” – Говорна игра
Цели на активноста:
-Да се развива потребата за поставување прашања, со цел да се добие објаснување за нештата што не се јасни;
-Да се поттикнат кај децата знаења и способости за препознавање и именување на растителниот и животински свет во морето;
-Да се поддржува иницијативата за користење на различни извори на информации;
-Поттикнување на самостојноста во ликовното изразување, љубопитност и интерес кон нови и непознати техники;
Потребен материјал: детски списанија, сликовници, детски енциклопедии, инретрнет, разновиден ликовен материјал, анимиран филм со рипчето ,,Немо ’’
Тек на активноста
ПОЧИТУВАНИ родители, мојата конкретна амбиција и аспирација е – да се обидеме заедно да навлеземе во тајните на морските длабочини, да истражуваме, осознаваме, перцепираме, согледуваме, раскажуваме, процесираме… Приложените слики и апликации нека Ви бидат водич, за да го стартувате разговорот со Вашите и Наши најмили и да навлезете во длабочините на морскиот свет. Токму така Почитувани, тоа е наефикасниот начин да се запознае овој таинствен свет, КОЈ впрочем е спој на разовидност, разноликост, шаренило и неисцрпна убавина.
На самиот почеток прашајте го детето каква е морската вода по вкус? – ниту за момент не се сомневам во точноста на одговорите, согласно одговорот да го потсетиме од каде потекнува морската сол, со која го зачинуваме јадењето. Токму во морската сол има јод, кој на морето му дава карактеристичен мирис, и е многу здрав за развојот на децата. Прашајте ги што гледаат на фотографиите – Поведете ги, насочувајте, забележувајте – во морските води има неизмерно многу животни и билки, има риби во сите форми, бои и големини, ПРОДОЛЖЕТЕ – Дали рибите можат да живеат на копно? – Дали човекот може да живее под вода?- спонтано навлегувајте во морските длабочини, ВОДЕТЕ го детето, поттикнете го низ разговор, прашања и одговори да ги пронајде школките, морските ежиња и ѕвезди, корали, опасностите што демнат во морињата….Мотивирајте ги, да ги препознаат и цицачите (делфини, китови ), а воедно и влечугите (желки, морски змии), ОХРАБРЕТЕ ги да ја препознаат и именуваат подморницата, објаснете им дека тоа е брод, што плови под морската површина и која му е намената?
Играјте игра на улоги – МАЛИ НАУЧНИЦИ…ПОБАРАЈТЕ од детето да се стави во улога на нуркач – ИСТРАЖУВАЧ, кој со помош на брод или подморница, ќе се симне во морските длабочини, се со цел да ги истражува растенијата, животните и богатствата што чекаат да бидат откриени во овој таинствен морски свет, а пак Вие сте капетан на бродот, ОХРАБРЕТЕ го да именува, истражува, осознава – со Ваша помош….
И како и секогаш Почитувани, ова наше патување и истражување ќе го зачиниме со една задача за Нашите најмили – може да го насликаат подводниот свет, да нацртаат аквариум со живиот свет во морињата или пак да креираат, се што им оставило впечаток од убавините на морските длабочини. Во продолжение, Ви праќам и фотографии кои може да им послужат на Нашите најмили творци како урнек, мотив и инспирација. Ве поздравувам и гушкам во исчекување на НАЈпрекрасните креации, творби и изработки што постојано ги добивам од моите НАЈмили.
Подготвил: Воспитувач – Јасмина Трпчевска